Мисија и визија
МИСИЈА

Основна цел на СЕОУ ”Гостивар”, Гостивар, е секој ученик да напредува според своите индивидуални способности, да усвојува знаења и умеења за оспособување за натамошно образование и нивна примена во животот и работата, да се развива во креативна личност, необременета со стереотипи и предрасуди, која ќе може да ги исполни граѓанските права и должности. Сакаме во нашето училиште да создадеме здрава и креативна клима во која ентузијазмот за работа и создавањето на нови и оригинални идеи ќе биде на прво место, затоа што во него наставата ќе биде современа, квалитетна и ќе ги подготви учениците за успешно вклучување во демократското мултиетничко општество.
За остварување на мисијата ќе обезбедиме позитивна клима која ќе ги мотивира учениците и вработените и која ќе овозможи поквалитетна соработка меѓу сите етникуми, со крајна цел постигнување на повисоки резултати на училиштето.

Изјава на мисија:

ТИМСКАТА РАБОТА НА ПРОФЕСОРИТЕ ОД СИТЕ ЕТНИКУМИ ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ, НИВНАТА СТРУЧНОСТ И ПОСВЕТЕНОСТ ГРАДИ ЛИЧНОСТИ ПОДГОТВЕНИ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНА РАБОТА, СОЖИВОТ И СООЧУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ЕДНО МУЛТИЕТНИЧКО ОПШТЕСТВО

Визија на училиштето:
ИДНИНАТА НА ДРЖАВАТА СЕ ТЕМЕЛИ ВРЗ ОБРАЗОВАНИ МЛАДИ ЛУЃЕ, ВОСПИТУВАНИ ВО ДУХОТ НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА И ПОЧИТУВАЊЕТО НА РАЗЛИЧНИТЕ КУЛТУРИ И ТРАДИЦИИ

Со развојниот план на училиштето, планирани се следните подрачја на промени:
• Континуирано подобрување на условите за работа и настава, а со тоа и зголемување на задоволството на учениците и наставниците;
• Перманентно усовршување на наставниот и административниот кадар;
• Следење и евалвација на резултатите на учениците и наставниците;
• Мотивирање на вработените и учениците;
• Постојан развој на училишната клима и култура;
• Вклученост на училиштето во проекти;
• Пазарната економија и науката како фундаменти на образовните профили;
• Подобрување на комуникацијата и поврзување со заедницата и локалната власт;
• Социјализација и интеграција на младите во општеството.
• Нашето училиште во иднина го гледаме како совршена слика во која е вградена информатичката технологија, која ќе ја применуваат наставници подготвени да се соочат со предизвиците на модерното и современо училиште во кое се образуваат ученици ослободени од сите предрасуди и европски ориентирани. Преку осовременувањето на училиштето и обуката на наставниците за примена на современа образовна технологија во воспитно – образовниот процес, се стремиме кон практични, квалитетни знаења и вештини на учениците.
Веќе научено/ Стекнати искуства
Учебната 2019/2020 година за СЕОУ Гостивар беше релативно успешна година.
Климата во училиштето, како за наставниците, така и за учениците беше благопријатна и овозможуваше релаксирано работење.
Причини за ваквиот напредок во училиштето се ентузијазмот за работа и соработка на наставниците, нивната желба за постојано учење и надоградување, бројните проекти во кои е вклучено училиштето, соработката со родителите и локалната заедница, благопријатните услови за работа итн.
Според извештајот за постигнатиот успех и редовноста на учениците во учебната 2019/2020 година, евидентирано е минимално подобрување на успехот и редовноста. Тоа укажува на фактот дека вработените во СЕОУ Гостивар треба да вложат дополнителен труд за позначајно подобрување на успехот и редовноста.
Желба на сите вработени во СЕОУ Гостивар е да продолжат да се движат по нагорна линија. Поучени од искуствата, сметаме дека и оваа учебна 2020/2021 година треба да ставиме акцент на влученоста во проектите, соработката со родителите, локалната и бизнис заедницата, објективноста и транспарентноста во оценувањето, вклучувањето на учениците како активни креатори на наставниот процес итн.
Имајќи ги предвид способностите и ентузијазмот на наставниците, сметаме дека учебната година што следи, многукратно ќе ја надмине претходната.
Подрачја на промени, приоритети и цели

ЦЕЛИ НА УЧИЛИШТЕТО

  1. Општи цели

• Стекнување знаења, вештини и способности;
• Развивање свест за критичко прифаќање на општествено – социјалните процеси и појави;
• Поттикнување критичко и креативно мислење;
• Рационална и творечка примена на иновации и нови идеи;
• Применети знаења;
• Слобода на мислење;
• Флексибилност и адаптивност во креирање ставови;
• Воспитување на лична одговорност;
• Запознавање со личните права и обврски;
• Развивање свест за заштита на природата и човековата околина;
• Развивање на потребата за доживотно учење;
• Подготвеност за промени.

  1. Посебни цели

• Подигнување на квалитетот на наставата;
• Развивање свест за професионално усовршување на наставниот кадар;
• Интеграција на ученикот во наставниот процес како творечки субјект;
• Соработка на училиштето со родителите и локалната средина , МОН, БРО, ДПИ и други институции.;
• Опремување на училиштето со современи наставни средства;
• Збогатување на библиотечниот фонд со стручна педагошко- психолошка литература;
• Подобри интерперсонални односи;
• Утврдување предлог мерки и други начини за постигнување поголема редовност на учениците во наставата;
• Подигнување на еколошката свест кај сите структури во училиштето;
• Самоевалвација на работата на училиштето;
• Организирање на креативна настава преку примена на активни техники на учење со кои ученикот е активен учесник во наставниот процес;
• Поттикнување и развивање на индивидуалните интереси, способности и можности на учениците;